Фудбал
ВИДЕО: Страв и молк: Играчот на Лион се сруши на теренот среде акција
Лион на домашен терен успеа да издвојува победа нал Тулуз со 3:0. Но победата на домашната екипа остана во сенка на моментот од 20. минута од натпреварот.
Стравот и молк преовлада во 20. минута од средбата Лион – Тулуз.
Среде акцијата, Мартин Териер се сруши на земја, бидејќи одеднаш му се слоши и едноставно не можеше повеќе да застане на нозе.
Лекарите веднаш се упатиле на теренот за да му помогнат на 22-годишниот играч од средниот ред. Со возило беше изваден од теренот. Прекинот траеше подолго од пет минути.
Териер не можеше да продолжи да игра и веднаш беше заменет. После шокантната сцена се огласи и Лион.
Од клубот соопштија дека нивниот играч е при свеста и се чувствува подобро.
Martin Terrier #OLTFC pic.twitter.com/VQAOQ6qdqu
— acedictن (@Diad10s) January 26, 2020