Фудбал
ВИДЕО: Сцена со Канте од која срцето пука, сите со насмевки, само таа со солзи
Нголо Канте е новиот фудбалски јунак. Скромноста и понизсноста се најголемите карактеристики на оваа голема фудбалска ѕвезда. Неморна радилица, тактичка дисциплина, совршени стартови и уште многу карактеристики ја красат неговата игра.
Пред неколку години играше во тета лига во Франција, а во Премиер лигата дебитираше во 2014-та година кога имаше 23 години. Сега е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција.
Канте речиси секогаш е со насмевка на лицето. Така беше и по победата во синоќешното финале на ЛШ против Манчестер Сити. Сепак, трогателната сцена доаѓа кога неговата мајка се појави на теренот. Сите со насмевки, само таа со солзи во очите, секако радосници.
Hope we can all make our mum proud the way Kante has, this is so wholesome
pic.twitter.com/LfpQ8thqbI— Yahya ?? (@CFCYahya) May 29, 2021