Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Судија конечно призна! Му помогнав на Реал кога играше против Атлетико

Објавено:

Четири години подоцна, Марк Клатенбург кој судеше на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2016 година помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид Клатенбург призна дека водечкиот гол на Реал во првото полувреме беше нерегуларен, бидејќи Серхио Рамос беше во офсајд позиција.

„Во финалето во Милано, Рамос даде гол од офсајд. Тоа со моите помошници го видовме на полувремето. Ситуацијата беше навистина тешка да се процени, мојот помошнк погреши“, призна Клатенбург.

Англискиот судија, исто така, откри дека на мечот Пепе не сакал да се согласи со неговата одлука за пенал.

„Пепе направи прекршок врз Торес. Беше изненаден и на англиски јазик ми кажа дека тоа никогаш не требало да биде досуден. Веднаш потоа му одговорив дека првиот гол на неговата екипа не требало да стои на семафорот и веднаш се замолче. Знаев дека на тој начин ќе ја прифати одлуката, но ниту малку не е лесно да се суди кога тој е на терен. Пепе врши голем притисок на судиите, симулира…“, кажа Клатенбург.

Со тоа Реал по вторпат го совлада Атлетико во финале од Лигата на шампионите. Првиот, во 2014 година, беше уште потрагичен за „душекчиите“ бидејќи во финалето во Лисабон водеа до судиското продолжение и примија гол, исто така од Рамос, за продолженија. Во дополнителните 30 минути Реал постигна три гола и славеше со 4-1.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама