Фудбал
ВИДЕО: Судијата го „избрка“ Златан од мечот, не го навредувал
Вo 60-та минута од мечот со Парма (1:3) Златан Ибрахимовиќ мораше во соблекувална. Судијата Фабио Мареска му покажа црвен картон. Сите се чудеа и се уште не е јасна причината.
По мечот тренерот на Милан, Пиоли одговори на новинарските прашања:
-Златан ми рече дека за нешто се расправале со судијата, но не му покажал непочитување, ниту го навредувал. Не сум разговарал со Мареска по мечот и навистина не знам зошто го исклучи, вели Пиоли.
Сигурно дека деновиве доста ќе се пишува за ова и ќе биде познато што точно се случило.