Connect with us

Фудбал

Видео: Судијата несакајќи го удри Лозано

Сите во Мексико се луди по Хирвинг Лозано.

И ќе лудуваат уште повеќе по брилијантниот настап на ѕвездата на Наполи во националниот дрес против Бермуда. Гол и прекрасна асистенција во победата од 5-1.

Како и да е, делот што го преплави интернетот не беше за голот или за асистенцијата, туку за контакт меѓу судијата и Лозано. После претрпениот фаул, Лозано се обиде да стане, но судијата беше премногу близу до него и го удри во лицето.

Удар предизвика смеа за целата мексиканската јавност. Малку се насмевна и Лозано, кој мораше да почека неколку секунди за да се дојде при себе.