Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Суспендиран кошаркарот кој предизвика неверојатна тепачка на подот

Кошаркарот на универзитетот Канзас, Силвио Де Соуза предизвика вистински хаос вчера на натпреварот против Канзас Стејт.

Во самиот крај на натпреварот, тој го блокираше противничкиот играч Дауан Гордон, а потоа од чист мир започна борба.

Следеше вистински хаос. Апсолутно сите се тепаа, па дури и публиката учествуваше во тепачката.

Де Суса беше најжесток. Во неговите раце заврши и столчето со ке тргна да се пресмета со своите противници, а тоа на крајот го чинеше суспензија.

Универзитетот одлучи да го суспендира и неговата иднина во ова училиште е под значителен прашалник.