Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Свечен пречек за „златното момче“ Бесир Алили

„Златното момче“ Бесир Алили, кој стана европски шампион во борење во кадетска конкуренција во категоријата до 48 кила, се врати во Скопје. Иако од Италија до Македонија патуваше цели 17 часа со минибус тоа ни најмалку не ја наруши неговата радост од освоениот медал, но и пречекот од најблиските и фановите, прво на граничниот премин, а потоа и во центарот во Скопје.

Патот на Алили до финалето не беше лесе. Победи тешки противници како Оскар Кулезки, Андреј Витан и Лука Гугегашвили.

Тренерот, Суфија Исмаили вели дека очекувал одлични резултати бидејќи ги знаел способностите на Бесир.

„Најважно е се вративме со медал. Освоивме медал и дојдовме. Само што започна неговата кариера, веќе почнаа да се потврдуваат резултатите. Со овие резултати ја „потресовме“ цела Европа. Таму беа зачудени сите најсилни држави, како што се Русија, Азербејџан, Ерменија“, изјави Суфјан Исмаили – тренер.

Дали го очекувавте овој резултат?

„Ние очекувавме медал, но кога влеговме во финале, не очекувавме ништо друго освен прво место“, додаде тренерот.

И европскиот шампион вели дека трудот се исплатеше, и додава дека сега во мислите му е олимпијадата и светското првенство.

„Јас сум презадоволен со овој медал и се надеваме дека на Олимпијада ќе постигнеме подобри резултати“, ни рече кратко Бесир Алили – борач.

Славењето не заврши на граничниот премин. Сите поддржувачи тргнаа кон Плоштад Скендербег во Скопје.

„Овој резултат не е само мој и на Бесир, туку е на целиот боречки клуб “Лирија”, но и на сите Албанци, на цела Република Македонија. Се надевам дека ова нема да биде последниот медал не само на Бесир туку и на другите момчиња кои беа таму и кои постигнаа добри резултати какви што не паметиме во последните години“, изјави Суфјан Исмаили – тренер.

Градоначалникот на Општина  Чаир Висар Ганиу  вети и зголемување на финансиска поддршка за златното момче Алили.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ | ТВ21

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com