Поврзи се со нас

Други спортови

ВИДЕО: Тајсон го забрзува тренингот 1 месец пред натпреварот, изгледа застрашувачки

Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор ги забрзаа подготовките за долгоочекуваниот натпревар следниот месец. Двете боксерски легенди имаат исклучителна физичка форма пред борбата во рингот.

Неспорниот поранешен светски шампион во тешка категорија, Тајсон тренира нон стоп веќе подолго време и дури тврди дека може да се соочи со сегашните боксери во тешка категорија.

54-годишникот објави серија видеа од тренинзите, каде се појавува во неверојатна физичка форма за неговата возраст.

Џонс, иако е три години помлад, не е фаворит за победа на мечот, што ќе се одржи на 28 ноември во Калифорнија.

На само еден месец до денот на натпреварот, Тајсон изгледа исцрпено од тренинзите и целосно подготвен да се врати во рингот.

На видеото објавено на Инстаграм во понеделникот, Американецот лута околу рингот разговарајќи за натпреварот.

„Што треба да бидеш за да бидеш храбар? Треба да се плашите да бидете храбри“, вели Тајсон.

„Тоа ги тера луѓето да велат дека сте храбри, затоа што тие знаат дека се плашите.“ 

Advertisement

Facebook

Реклама