Тајмаут
ВИДЕО: Таткото на Ѓоковиќ пее црногорска химна, Србите се чудат!
Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан ги изненади сите сонародници откако се појави видео како на прозор ја пее химната на Црна Гора, „Ој свитла мајска зоро“, па Србите со многу чудење го примија неговиот потег.
Ѓоковиќ ја пее оригиналната песна со нешто изменет текст во однос на официјалната црногорска химна. Тој никогаш не го криел своето црногорско потекло, но потегот ги изненади сите поради ептен затегнатите односи во последно време на Србија и Црна Гора околу православната црква и политичките тензии што настанаа до пред пандемијата со коронавирус.
Видеото може да го погледнете ТУКА.