Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Тажна приказна, играше со Леброн во Кливленд, беше дел од Бостон и Далас, а сега е бездомник

Неверојатно видео се појави на социјалните мрежи, а кое се прошири со брзина на светлината низ сите американски медиуми од поранешната НБА ѕезда Делонте Вест. Беше тимски колега со Леброн Џејмс во Кливленд, играше за Бостон, за Далас, Сиетл, а сега е бездомник и се „влече“ низ улиците во Вашингтон.

Бездомник станал во 2019-та година, со кошарка престанал професионално да се занимава во 2016-та година. Како што пренесоа дел од американските медиуми, милионите ги загубил поради проблеми со дрогата и психичкото здравје.