Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Тениски турнир во организација на Ѓоковиќ, но без Федерер и Надал

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе организира балканска турнеја. Турнирот „Адрија Тур“ почнува во Белград, а ќе се одигра и во уште неколку држави од екс ЈУ просторите, поточно во Хрватска, БиХ и Црна Гора.

За таа цел, како промоција одржа и прес конференција, но сепак она што најмногу ги интересираше новинарите е дали двајцата асови, едни од најголемите тенисери на сите времиња ќе бидат присутни.

-Федерер има проблеми со коленото, затоа не му упатив покана. Со Рафа разговаравме минатата недела, но за УС Опен. Не го поканив ниту него, бидејќи мислам дека нема да дојде, вели Ѓоковиќ.

Доминик Тим, Григор Димитров, Саша Зверев го потврдиле своето учество. „Адрија тур“ стартува на 13-ти јуни во Белград, а ќе трае до 5-ти јули. Турнирот има хуманитарен карактер.