Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Тепачка на улиците на Барселона, боксер претепал полицајци

На голем дел од шпанските портали главна вест е синоќешниот инцидент на улиците на Барселона. Имено, еден аматерски боксер го напуштил кафулето и не сакал да ја плати сметката, по што биле известени полицајци.

Набрзо пристигнале двајца полицајци во цивилка, кои се обиделе да го уапсат 22-годишниот боксер, кој е од Италија, но не поминале убаво.

Боксерот почнал да ги тепа полицајците, кои биле приморани да повикаат засилување за да го уапсат. Засилувањето стигнало брз, а специјалци почнале да скокаат од комбињата. Во тој момент боксерот сфатил дека нема шанси па се предал.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com