Фудбал
ВИДЕО: Тепачка помеѓу навивачите и полицијата на аеродромот во Турција при пристугнувањето на Арда Туран
Барса ја прифати понудата на лидерот во турската Супер лига, тимот на Истанбул Башакшехиспор, за две и пол годишна позајмица на искусниот играч за врска. Кога ќе заврши позајмицата, Арда ќе има статус на слободен играч. Лидерот во домашниот шампионат важи за омилен клуб на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Туран беше поздравен од страна на околу сто фанови облечени во портокалови марами на аеродромот во Ататурк во Истанбул и држејќи транспаренти со натписи “Welcome Arda Turan”. Меѓутоа, во еден момент тепачка изби помеѓу навивачите и полицијата додека пристигна Туран, додека еден навивач се онесвестил. Публиката извикуваше жестоки слогани кон полицијата: “Ние не сме терористи, туку навивачи!”