Кошарка
ВИДЕО: Тешка повреда на младата ѕвезда, изнесен со инвалидска количка
Џа Морант, младата ѕвезда на НБА тимот Мемфис, се повреди на мечот со Бруклин, кој неговиот тим го доби со 116:111. Тој теренот го напушти со инвалидска количка, а тоа доволно говори дека повредата најверојатно е сериозна.
Тој при еден дуел со противнички кошаркар, лошо згазна, па го превитка зглобот на левата нога. Засега нема точни информации каква е повредата, но изразот на неговото лице веројатно кажува дека е нешто посериозно.