Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Тежок пад на една од најдобрите скијачки на денешницата

Денес најдобрите светски скијачи возат на трката Супер Г во Швајцарија. Ова е трета трка во оваа дисциплина во новата сезона на Светскиот куп.

Денешната програма започна со многу турбуленции. Поради силниот ветер трката траеше половина час, потоа стартот на трката беше спуштен пониско, а кога започна се случи она што најмалку го посакувавме.

Швајцарката Лара Гут Бехрами возеше одлично на првиот дел од патеката имаше повеќе од половина секунда предност пред тогашната лидерка Михаела Шифрин, но потоа претрпе силен пад. Таа со голема брзина удри во заштитна ограда и трката беше прекината. По падот, некои дури и плачеа на целта бидејќи изгледаше страшно.

По 15 минути помош, таа се спушти до целта и доби голем аплауз. Според начинот на кој се движеше веројатно имаше посериозна повреда на ногата.

Доколку снимките покажат сериозна повреда, тогаш тоа би значело дека една од најдобрите скијачки на денешницата би можела да ги пропушти Олимписките игри кои се закажани за февруари во Пекинг.