Кошарка
ВИДЕО: Тодоров по поразот од Естонија во Скопје-во Талин ќе победиме со 10 разлика
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Торов, разочаран од конечниот исход и поразот од Естонија, особено од играта во втората четвртина во која се постигнати само пет поени, вели можеби и не заслуживме победа.
Сепак, со оглед на тоа како во продолжението одиграле кошаркарите, тоа дава сигнали дека оваа генерација има карактер.
-Јас се уште верувам во мојата репрезентација, убеден сум дека можеме да ја добиеме оваа селекција на Естонија со десет поени во Талин, изјави Тодоров на пес конференцијата по мечот.
Македонија на Естонија и гостува во ноември месец.