Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Трајковски и Мајорка преку Барди се вратија во „живот“

Александар Трајковски од клупата се радуваше на победата на неговиот тим Мајорка против Леванте, за кој настапува Енис Барди, а кој ги одигра сите 90 минути. Мајорка славеше со 2:0 и собра 32 бодови, три помалку од Алавес, четири од Селта и Еибар, па се чини дека сепак се врати во „живот“ во борбата за опстанок.

Мајорка ќе има уште три шанси, односно три меча за да избегне опстанок. Ќе мора да победува, но и конкурентите да губат за да остане во „елитата“.