Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Три пенали на „Тардини“, Парма го зеде скалпот на Наполи

Иако се очекуваше дека победата над Удинезе ќе донесе позитивна атмосфера и победничка серија, Наполи повторно останаа со празни раце во Серија А и вечерва загуби на гостувањето кај Парма , со резултат од 2-1 (1-0).

Интересно е дека сите три гола на натпреварот беа постигнати од белата точка.

Џанлука Капрари ја доведе Парма во водство во 45.минута, а израмни Лоренцо Инсиње во 54.минута. Третиот пенал повторно беше за Парма, а успешен реализатор беше Дејан Кулушевски во 87.минута.