Ракомет
ВИДЕО: Циндриќ, Јотиќ, Борозан- ова се најатрактивните голови од далечина во СЕХА лигата
Од СЕХА лигата ни подготвија уште една топ видео компилација овојпат со најдобрите, најтрактивните голови од далечина во историјата на ова натпреварување. На ред дојдоа головите од голема далечина, а меѓу најатрактивните имаше место за играчи на Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер. Изборот го предводи членот на Мешков Брест, Петар Ѓорѓиќ, па следува Лука Циндриќ како член на Вардар. На третото место е Јовро Јотиќ, па следуваат Борозан, Јагањац и Обрадовиќ.