Фудбал
ВИДЕО: Црвена звезда е пред потпис со Роналдо
Црвена звезда, е на добар пат да се засили со фудбалер со името Роналдо, кој, секако, не е Португалецот Кристијано, туку е Романецот Деакону од тимот на ГАЗ Метан.
„Во петокот ми се јави претседателот на клубот и ми кажа дека за мене добил понуда од Црвена Звезда и дека двата клуба веќе се договориле, па останува на мене да си ги средам личните услови. Јас сум среќен во Медијас, но ако така се договориле тогаш зошто да не се преселам во Белград“, изјави романскиот Роналдо.