Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Турски боксер ладнокрвно ја убил својата девојка, причината е банална

Објавено:

Во неделата, во текот на доручекот, како што пишуваат турските медиуми, турскиот боксер Ахмед Кемалоглу, со нож и нанел неколку убодни рани на својата девојка која починала. Причината била љубомората. На тој начин, монструмот го изнел својот бес.

Според тамошните медиуми, боксерот се обидел да се самоубие, но раните кои самиот си ги нанел, не биле смртоносни, па кога дошла полицијата и медицинската помош тој се уште бил жив.

Наводно девојката за време на доручекот му соопштила дека сака да ја прекине врската, а тој одеднаш ја нападнал со нож, со кој и нанел убодна смртоносна рана во пределот на градите и вратот.

Нивната врска траела две години. Турските медиуми објавија и транскрипт од допишување на девојката со нејзин другар, каде му вика дека „Со Ахмед се е готово, не сме во врска веќе еден месец“.

Боксерот е приведен и наскоро се очекува судење.

 

 

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама