Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Уапсени 52 лица по тепачка меѓу украински и холандски навивачи

Вкупно 52 лица се приведени по тепачка во бар во Харков меѓу украински и холандски навивачи.

Инцидентот се случи синоќа кога поголема група на фанови на Харков упаднале во кафуле каде се забавувале навивачи на Феенорд, како и други посетители. Напаѓачите го демолирале кафулето и физички се пресметале со поддржувачите на холандскиот клуб.

Нема официјална информација за бројот на повредени, но сигурно има неколку хоспитализирани.

Шахтјор и Феенорд ќе се сретнат вечер во Харков од 20:45 часот во 4.коло од Лигата на шампионите.