Фудбал
ВИДЕО: УЕФА ги истражува скандирањата „Путин“ на натпреварот Фенербахче – Динамо Киев
УЕФА покрена дисциплинска истрага за однесувањето на турските навивачи на натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и украински Динамо (Киев).
Средбата која се одигра во средата во Истанбул заврши со резултат 2:1 по продолженијата во корист на тимот од Киев. По првиот гол кој го постигна украинскиот тим, турските навивачи почнаа да го скандираат името на рускиот претседател Владимир Путин.
Fenerbahçe taraftarı, Dinamo Kievli futbolcunun attığı golden sonra abartılı şekilde sevinmesi üzerine “Vladimir Putin” tezahüratı yaptı pic.twitter.com/sTjhNM0n2R
— Batu Bozkürk (@batubozkurk) July 27, 2022
„Во согласност со член 31(4) од Дисциплинската регулатива, УЕФА ќе спроведе истрага за наводното недолично однесување на навивачите на Фенербахче за време на реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против Динамо Киев“, се вели во соопштението на централата. .
Првиот натпревар заврши со резултат 0:0, Динамо се пласираше во третото квалификациско коло.