Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: УЕФА го објави голот на неделата од ЛШ, Дибала на второ место

УЕФА неодамна го објави најубавиот гол во недела од најголемото европско клупско натпреварување. Изборот беше тежок, бидејќи Пауло Дибала постигна одличен гол против Атлетико. Сепак, друг Аргентинец ја освои наградата.

Станува збор за Лаутаро Мартинез, кој ги воодушеви сите со својот настап во Прага. Точно третиот погодок постигнат против Славија, е оценет и како најубав гол во неделата. Фантастичната асистенција на Лукаку и совршен финиш на Мартинез дефинитивно заслужена награда.