Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ужас во Кицбил, се сруши пред самата цел при брзина од 140 километри на час

Швајцарецот Урс Криенбул доживеа страшен пад во текот на спустот од Светскиот куп на легендарната патека Кицбил. Пред самата целна линија ја загуби рамнотежата при последниот скок и движејќи се со 140 километри на час падна на патеката и лизгајќи се помина низ целта. Поради тоа неговото време е запишано како официјално.

Сепак, тој не беше свесен за сето ова, со оглед на тоа дека лежеше без да се мрдне, а многумина притрчаа веднаш во помош. По укажаната првична лекарска помош, со хеликоптер е пренесен во најблиската болница. Првичните информации велат дека Швајцарецот има потрес на мозокот, но дека е свесен.

Ова е втор пат за жал на истата патека да интервенира хеликоптер на медицинската помош. Првиот пат падна Рајан Кокран Сигел, кој сепак го спаси заштитната ограта и помина со помали последици.