Фудбал
ВИДЕО: Ужасен старт, Барса промаши сè што можеше, се откажа од титулата уште во октомври
Барселона одигра само реми на гостувањето кај Алавес (1-1). Алавес беше блиску да ја шокира Барселона и да освои три бода, но сепак каталонскиот гигант се спаси и освои бод
Домаќините дојдоа до водство во 31. минута преку Риоха по големата глупост која ја направи Жерар Пике и голманот на Каталонците, Нето. Во меѓувреме и Лионел Меси во една ситуација ги загуби нервите поради што доби жолт картон од главниот судија на мечот.
Во второто полувреме играше само една екипа, очекувано тоа беше Барселона која бркаше негатива. Меси одново се најде во излгедна ситуација уште на стартот од продолжението, ама одново шутот му го одбрани противничкиот голман, а по него непрецизно се закани и Фати.
Барселона сега врза четири неуспеси во шпанската Примера, откако претходно играше реми со Севиља (1-1), а загуби од Хетафе (1-0) и Реал Мадрид (3-1).