Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ваков СКАНДАЛ не сте виделе – Победа со 9-0, а головите се КОМИЧНИ

Цела Европа на големо го коментира последното коло од второлигашката конкуренција во Австрија.  Екипата на Флоридсдорфер се извини поради поразот од 9-0, кој на Риед му овозможи да се пласира во елитната лига во Австрија. На крај пресудна беше гол-разликата, која беше на страна на Риед во однос на ривалот Австрија Клагенфурт.

Фудбалската федерација на Австрија под притисок на јавноста, покрена истрага за да ги испита сомнежите за можно местење на резултатот со кој Рид го уништи противникот. Мечот ќе се анализира детално, а поразените Флоридсдорфер, објавија соопштение со кое им се извинија на навивачите за слабата игра и непрофесионалноста. Но, од клубот тврдат дека нема ништо сомнително и ги отфрлаат обвинувањата дека намерно му попуштале на противникот.