Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Валенсија на бизарен начин го претстави Флоренци

На големо разочарување на навивачите на „Волчицата“, Рома реши да го испрати Алесандро Флоренци на позајмица.

Флоренци сакаше да игра само за Рома до крајот на кариерата, но на „Олимпико“ имаа различни планови.

Тој денес официјално е претставен како ново засилување на Валенсија каде е на позајмица до крајот на сезоната.

Клубот од Шпанија ќе има можност да го откупи договорот на овој 28-годишен играч ова лето.

Валенсија и официјално го потврди пристигнувањето на Флоренци, но со многу бизарно видео кое го објавија на социјалните медиуми.