Фудбал
ВИДЕО: ВАР го „шокираше“ Ливерпул, Брајтон освoи бод
Ливерпул одигра само 1:1 на гостувањето кај Брајтон, а секако ќе има многу реакции и дискусии за овој меч особено од Ливерпул бидејќи поништени се два гола по интервенцијата на ВАР собата. Во 34-та на Салах и 84-та на Мане поради офсајд не им се признаени головите.
Откако во 20-тата минута домаќините не реализираа најстрога казна, следуваше еврогол на Жота за водство на Ливерпул во 60та минута. Како што спомнавме во финишот на мечот драма. Најнапред поништен гол поради офсајд на Мане, а потоа домаќинот во третата минута од судиското продолженије дојде до голем бод. Ливерпул останува на лидерската позиција, но сега само еден бод повеќе, но и напревар повеќе од Тотенхен, Челзи и останатите екипи кои следуваат.