Фудбал
ВИДЕО: ВАР лудило во судиското надополнување!
Натпреварот во првенството на Австралија помеѓу Централ Кост Маринерс и Мелбурн Виктори заврши со победа од 3:2 на Централ Кост Маринерс, а домашната екипа дојде до победа во самиот крај на натпреварот.
Гостите имаа предност од 1:2 по 90 минути, проследено со ВАР лудило.
Дури два пенали направија гостите во судиското надополнување. Двата пати играа со раце во шеснаесетникот, а судијата ги испита снимките и покажа на белата точка.
И двата пати домашната екипа ги искористи шансите и на крајот победи со 3:2.