Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: ВАР ѝ поништи гол на Аталанта, реми кај Специја

Аталанта загуби нови бодови во трката за врвот на Калчо-лигата. Не успеаа да слават на гостувањето кај Специја (0-0) и одиграа реми без голови во осмото коло од Серија А.

Новиот прволигаш одигра максимално дисциплинирано во одбраната, успевајќи да го исфрли од ритам нападот на Аталанта кој вообичаено делува атомски, но денеска беше безопасен во долги периоди од натпреварот.

Тимот од Бергамо со ова реми остана на петтото место на табелата со 14 бода, три помалку (и натпревар повеќе) во однос на лидерот Милан.

loading...

Facebook