Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Вардар му се одмазди на Борец и стана првиот тим кој го освои Велес

Eкипата на Вардар со победа над Борец (0-2) стана првиот кој успеал да го освои Велес оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Вардар во последните десет минути успеа да ги постигне головите, откако играчите на Борец промашија неколку добри шанси.

Вардар преку една контра поведе со голот на Попзлатанов во 80-та минута, а тоа комплетно ги деморализираше домаќините кои примија и втор гол пред финишот.

Вардар успеа да ја потврди победата, откако Попзлатанов го проигра Цветановски, а тој шутираше во горниот дел од голот на домашните.

За Вардар ова беше прва победа во последните пет кола во ПМФЛ. Тимот го забележа четвртиот триумф сезонава и одлично се подготви за домашниот меч со Академија Пандев кој ќе се игра следниот викенд.

Вардар со овие три бода се искачи на шестото место на табелата, но преостанатите мечеви се играат утре.

loading...

Facebook