Кошарка
ВИДЕО: Вашингтон реди победи – Јакимовски повторно одличен во новата победа
Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар за екипата на Вашингтон стејт кугарс. 19-годишникот постигна десет поени во убедливата победа на неговиот Вашингтон Стејт Кугарс на дуелот со Монтана Стејт (82-54). Домашниот тим настапи без својот прв стрелец Исак Бонтон кој го пропушти мечот поради повреда.
Кугарс славеа победа од 82-54 против Монтана и ја запишаа шестата победа на шестиот натпревар сезонава. Нашиот кошаркар за 34 минути игра запиша 10 поени, 7 скока и 2 асистенции.