Фудбал
ВИДЕО: Великан испадна од лигата, навивачите ги бркаа играчите по теренот
Дебрецен одигра само 1:1 со Паск, па на тој начин не успеа да обезбеди место во најдобрата лига на Унгарија. Ова ќе биде по 27 последователни сезони, фудбалскиот великан од оваа земја да испадне од елитното натпреварување.
По завршувањето на мечот, тага и солзи на лицата на фудбалерите на Дебрецен, а навивачите влегоа на теренот за да им дадат лекција, а им ја одземаа и опремата, бидејќи според нивно мислење не ја заслужиле.
Дебрецен седум пати го освојуваше првенството и шест пати купот. Оваа сезона првак е Ференцварош.