Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Верона го намачи Интер, Јувентус повторно не победи

Екипата на Интер чекори кон шампионската титула, по пауза од 10 години. Попладнево тимот на Антонио Конте навистина се изнамачи против солидната Верона, но сепак на крајот славеше со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше нововлезениот Дармиан во 76-та минута. Може да се каже дека Верона на овој меч дури на моменти беше подобар противник, со добри шанси, но не успеаја да постигнал гол. И Интер имаше шанси особено онаа на Хакими кога од слободен удар ја погоди стативата, а гостинскиот голман не се ни помрдна.

Конкурентот на Интер, екипата на Јувентус повторно топло ладно. Втор меч на гостински терен не успеа да забележи победа. Но, за разлика од гостувањето кај Аталанта, сега освои бод кај Фиорентина. Влаховиќ донесе предност на домаќините во 29-та минута, а израмни Мората во 46-та.

Својот меч од ова коло Милан ќе го одигра утре вечер кога му гостува на Лацио. Ова се трите екипи кои водат битка во последните пет кола за титулата, но се чини може се да биде решено во наредните две кола доколу Интер забележи победи.

Standings provided by SofaScore LiveScore