Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Верстапен беше најбрз, а потоа му „залепи“ торта во лице на Култхард

Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен постигна најбрзо време пред утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Верстапен, кој беше најбрз и вчера на слободните тренинзи оствари време од 1:30, 577.

Зад Верстапен заврши актуелниот шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој заостана 0,739 секунди, додека трет беше возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли со заостанување зад Верстапен од 1, 006 секунди.

Трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози в недела од 17 часот.

Инаку, откако ја освои пол позицијата, Верстапен му го честиташе 50-тиот роденден на Дејвид Култхард. Поранешниот Формула 1 возач денеска беше во улога на водител на интервјуата со возачите кои се најдоа на првите три позиции.