Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Верстапен шампион, погледнете како го помина Хамилтон во последниот круг

Марк Верстапен за прв пат стана шампион во Формула 1 и тоа на патеката во Абу Даби. Во навистина неверојатна трка во која Хамилтон водеше од првиот до последниот круг, Верстапен успеа во последните секунди да го помине Британецот и да ја освои титулата.

Хамилтон ја имаше рекордната осма титула во рацете, но се случи моментот поради кој Мерцедес, но и британскиот возач беа шокирани.

Николас Латифи излета од стазата, влезе сигурносното возило и тоа му даде на Верстапен во финишот да го нападне Хамилтон.

Нападот беше успешен, го помина во 58-миот круг и мина прв низ целта.