Фудбал
ВИДЕО: Видал го направи предизвикот со ролна тоалетна, а потоа ги предизвика Меси, Алба и Суарез
Жонглирањето со ролна тоалетна хартија стана вистински хит на социјалните мрежи меѓу фудбалерите.
Друг во серија кој реши да се обиде со овој предизвик е играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал, кој го крена овој предизвик на ново ниво.
Покрај Жонглирањето со ролната, тој реши да ја стави во „корпа“, а потоа ги предизвика и Лионел Меси, Жорди Алба и Луис Суарез и интересно ќе биде да видиме дали ќе го прифатат предизвикот.