Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Викенд е, време е за спорт, ЖРК Вардар-Будуќност

Администраторите на социјалните мрежи на ЕХФ уште одамна, поради коронавирусот и немањето натпревари, одлучија да реемитуваат одредени ракометни мечеви кои преставувале вистинска борба за врвот на европа.

Таков е случајот со мечот за третото место во 2015-та година помеѓу ЖРК Вардар и РК Будуќност. Тогаш ЖРК Вардар имаше страшен тим на чело со легендарната Индира Кастратовиќ. Во полуфиналето загуби од Будуќност, кои потоа станаа европски прваци, а вардарки за третото место славеа против Динамо Синара со 28:26.

ЖРК Вардар два пати играше финале но не победи, во сезоните 2016–17, 2017–18, додека во сезоните 2013–14, 2014–15, 2015–16 го освојуваше третото место.