Фудбал
ВИДЕО: Во Торино едно полувреме се играше 52 минути, а Роналдо се врати во трката со Имобиле
Јувентус води против Сампдорија со 1:0 по првиот дел со голот на Кристијано Роналдо. Поготокот Португалецот го постигна во 52-та минута, но не од вториот дел, туку во првиот дел. Судијата го продолжи мечот за цели 7 минути, а пред истекот на продолжението на асистенција на Пјаниќ, Роналдо постигна гол со кој ја намали разликата на три голови негатива во однос на Чиро Имобиле кој засега со 34 голови е прв стрелец.
#Ronaldo goal for #Juventus vs #Sampdoria pic.twitter.com/vd3mWLxZMx
— RainingGoals (@RainingGoals) July 26, 2020
Големото продолжение на судиите беше поради тоа што на двајца фудбалери, еден на Јувентус, а еден на Сампдорија по двасет минути игра требаше да им се укаже лекарска помош.

Имобиле има три голови предност пред Роналдо на две кола до крајот, а Португалецот има уште плус 45 минути против Сампдорија можност за уште некој гол.
