Фудбал
ВИДЕО: Волфсбург продолжува без пораз, два гола за пресврт и победа со Ајнтрахт
Волфсбург продолжи со фантастичниот старт на новата сезона во Бундеслигата. Холанѓанецот Воут Вегхорст со два гола за вкупно девет сезонава во германската Бундеслига му донесе триумф со пресврт на Волфсбург со 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт по што петтата победа во 11-от меч ги искачи на четвртото место на табелата.
Тимот на тренерот Оливер Глазнер, покрај Баер Леверкузен се единствените во Германија кои немаат пораз по 11 кола (5-6-0 скор) и сега имаат 21 поен, само два помалку од лидерот Баерн Минхен (иако Баварците имаат меч помалку).
Ајнтрахт продолжи да сонува за трета сезонска победа, а денес го одигра седмото реми. Волфсбург со трите бода се искачи меѓу водечките четири екипи на бундеслигашката табела.