Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: За прв пат во историјата синоќа НБА тим го предводеше жена!

Средбата помеѓу Сан Антонио и ЛА Лејкерс ќе влезе во историјата бидејќи за прв пат жена предводеше една НБА екипа. Легендарната кошаркарка Беки Хемон го предводеше тимот откако Грег Попович заработи исклучување против Лејкерси.

Хемон пред пет години стана првата жена која предводеше тим во Летната лига, која ја освои, а асистент на Грег Попович стана една година покасно.

Сега се запиша во историјата на НБА лигата, Сан Антонио го предводеше од втората четвртина, а нејзиниот тим е поразен од Лејкерси со 127:107.