Фудбал
ВИДЕО: Заниоло носи предност за Рома во Тирана
Во 24. минута Лоренцо Пелегрини се обиде да ја изненади одбраната на Феенорд со додавање до Николо Заниоло , кој беше во многу опасна позиција за противникот во шеснаесетникот , но додавањето беше прекинато.
Се играше 32. минута кога избраниците на Мурињо успеаја да го изненадат противникот. Џанлука Манчини нафрлува на позицијата во шеснаесетникот Заниоло. Гернот Траунер остана под топката, а Заниоло одлично контролираше на градите и со технички допир го излажа чуварот Џастин Белоу од непосредна близина, испраќајќи ја топката во мрежата – 1:0 за Италијанците.