Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Запознајте го најбогатиот фудбалер, тежи 20 милијарди, а малкумина знаат кој е

Љубителите на фудбалот сакаат бројни листи кои имаат врска со финансиите, односно кој фудбалер повеќе „тежи“ на пазарот, кој трансфер е најскапо платен, кој има најголема плата. Но, сигурни сме дека никогаш нема да погодите кој е најбогатиот фудбалер во светот.

Не, тоа не е Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси, иако имаат заедно 11 Златни топки и девет пехари во Лигата на шампионите.

Станува збор за Фаик Болкијах. Тој има 22 години и е капитен на селекцијата на Брунеи. Во истражувањето направено од шпанска „Марка“, Болкијах е најбогатиот фудбалер на светот со богатство од околу 20 милијарди долари.

Но, од каде му се парите. Сигурно не од фудбалот. Имено, тој е син на Џефри Болкијах, принцот на Брунеи, а воедно и внук на султанот на Брунеи, Хасанал Болкијах. Султанот е еден од најбогатите луѓе на планетата и се спомнува дека неговото богатство е околу 28 милијарди долари, а „Марка“ пишува дека Фаик е спомнат во тестаментот на султанот.

Според статистиката, Брунеи е земја која по глава на жител е една од најбогатите земји во светот.