Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Заработил 400 милиони долари само од најавување на спортски мечеви

Мајкл Буфер, веројатно ова име на многумина не им е многу познато, но на љубителите на боксот секако е. Речиси и да нема боксерски спектакл, а тој да не е во центарот на рингот. Буфер е човекот кој со години наназад ги најавува боксерските мечеви, особено оние кои се помеѓу големите ѕвезди, во тешка категорија. Но учествува и во други спектакли од ваков тим, во други борби, во реклами, финалиња во фудбал, кошарка, рагби, хокеј и во разни маркентиншки настани, а од сето тоа добро заработил.

Според американските медиуми тој во моментов „тежи“ 400 милиони долари. Па од таму не е чудно што има луксузна вила која вреди неколку милиони, потоа базен и Корвета од 2019-та паркирана во неговата гража. Според информациите за само неколку минути работа, односно да го најави мечот тој наплатува од 25 илјади до 100 илјади долари. Најголемиот хонорар кој го добил бил 1 милион долари.

Има 74 години и е во брак.  Роден е во 1994-та година. Неговите родители се развеле пред да наполни една година, а израснал во дом за сираци, а потоа и во згрижувачко семејство. На 20-годишна возраст се пријавил во армијата и слушел три години во Виетнам. По заминувањето од армијата станал продавач на автомобили, се до 32-та година кога решава да стане модел. На 38-годишна возрас се одлучува и тоа да го прекине, па станал најавувач на боречки мечеви. Останатото е историја.