Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Железничар по шест години повторно го освои купот на БиХ

Фудбалерите на „Железничар“ го освоија купот на Босна и Херцеговина. Сараевскиот клуб во реванш натпреварот славеше со резултат од 4:0.

Првиот натпревар заврши со победа на „Железничар“ со 2:0, додека пак на гостувањето во 33. минута беше постигнат првиот погодок од страна на Војо Убипарип.

Во првата минута од судиското надополнување од првото полувреме за 2:0 гол постигна Џенан Зајмовиќ. И во продолжение гостите уште два пати ја затресоа мрежата на домаќинот, за 3:0 погоди Горан Закариќ и за конечни 4:0 биеше Синан Рамовиќ.

На „Железничар“ ова е шести трофеј во купот на Босна и Херцеговина.