Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Жесток дуел на Хамилтон и Верстапен, го нарече идиот, а овој му врати со среден прст

Луис Хамилтон и Макс Верстапен водат голема борба за титулата светски шампион во Формула 1.

Најбрзиот октански циркус во светот престојува овој викенд во Тексас каде ќе се вози трката за ГН на САД на патеката Остин.

Беше многу возбудливо на вториот тренинг кога Хамилтон и Верстапен беа тркало до тркало, и не изостанаа навредите.

На излезот од последниот свиок, болидите на Мерцедес и Ред Бул се најдоа еден до друг, а интересно, никој од возачите не сакаше да се откаже.

Потегот на Хамилтон воопшто не му се допадна на Верстапен, па на радио го нарече Британецот идиот и му го покажа средниот прст.

Двајцата возачи имаа неколку инциденти во текот на сезоната, а навивачите на Формула 1 се надеваат на нов дуел во недела.

Инаку, Мерцедес беше најбрз на првиот тренинг, додека на вториот најдобро време оствари Серхио Перез од Ред Бул. Двата тима се изедначени, така што треба да се очекува една многу возбудлива трка.