Фудбал
ВИДЕО: Жота е џокерот на Клоп – трет меч, трет гол, за триумф на Ливерпул!
Ливерпул се намачи, ама успеа да го победи Вест Хем (2-1) во рамки на седмото коло на англиската Премиер лига. Вест Хем уште по само десет минути игра веќе успеа да обезбеди предност на „Енфилд“. Со голот на Форналс, „чеканите“ успеаја да дојдат до предност и најавија дека „црвените“ тешко ќе успеат да сметаат на лесни три бода на својот стадион.
Во 71. минута од мечот, Шаќири го пронајде Поругалецот, а тој ја смести топката зад грбот на Фабиански, за голема радост на Ливерпул. Вреди да се напомене дека „црвените“ претходно успеаја да постигнат уште еден гол пак преку Жота, ама истиот беше поништен поради фаул во напад со помош на ВАР.
Новите три бода за Ливерпул значат и продор на врвот од табелата со 16 бода, три повеќе од второпласираниот Евертон.