Фудбал
ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ сними реклама со најпопуларната новинарка во Италија
Италијанската јавност вчера беше изненадена откако Златан Ибрахимовиќ коментираше на фотографијата на спортската новинарка Дилета Леот.
Дилета објави фотографија на Инстаграм и покажа како се одмара после напорните неколку дена, а сите беа изненадени кога видоа дека коментар остави и Златан Ибрахимовиќ.
„Што правите на покривот на Дилета? Не се опуштајте премногу“, рече Златан, збунувајќи многумина.
Сепак, веќе е јасно на сите од каде се во контакт Златан и Дилета. Имено, тие заедно снимаа реклама, а оваа новинарка дел од неа објави денес на својот Инстаграм профил.
Diletta i Zlatan u istoj reklami pic.twitter.com/vbUiWdymAB
— SportTime (@SportTi43915378) July 8, 2020