Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Златан прави вакви работи бидејќи никој не му смее ништо, „ѕверот“ од Аталанта не реагираше

Милан и Аталанта синоќа одиграа 1:1. Во центарот на вниманието по мечот, на медиумите, се најде Златан Ибрахимовиќ. Тој имаше два потега за кои заслужи да биде санкциониран, односно во најмала рака да добие жолт картон.

Првиот е кога при корнерот на противникот го „давеше“ противничкиот играч Хатебур, кој за чудп не реагираше, ниту тој, а ниту судијата не ја виде ситуацијата.

Вториот момент е при пенал на Аталанта кога го турна Запата, кој е вистински „ѕвер“ на теренот, но повторно како и во првиот случај така и сега немаше реакција ниту од судиите ниту од противнички фудбалер.

На социјалните мрежи велат Златан ова го прави бидејќи никој ништо не му смее.